Пирамидс – Вади Дегла (18:30 ч.)
Пирамидс е тимот кој го има вториот најдобар напад во египетското првенство, но и една од најлошите одбрани. Едноставно, кога игра Пирамидс, головите се како гаранција дека ќе ги има во поголем број. Домаќините беа во серија од 13 меча без пораз, но потоа влегоа во криза, па сега имаат два порази и едно реми на последните три средби.
Вади Дегла е екипа која во 9 меча има само шест бода и е како вистински противник за повторно да се радуваат домаќините.
Предлог тип: 1&3+ (2.40)
Хапоел ТА – Ашдод (18:30 ч.)
Ашдод сезонава е како претплатен за нерешени средби, па во 14 меча досега, дури 8 пати одигра без победник. Хапоел не е многу уверлив домаќин бидејќи на седум дуели на свој терен има само една победа. Двете екипи се во долниот дел од табелата, играат променливо, а интересно е што на последните четири меѓусебни средби, двете екипи постигнувале погодоци и во просек паѓале по четири гола.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)
Беитар – Хапоел Ранана (19:15 ч.)
Ако нешто треба да се следи за овој меч, тоа е традицијата. На последните 15 меѓусебни дуели секогаш имало победник. Домаќините се доминантни со 13 победи, додека Хапоел Ранана се радувала само двапати. И овојпат Беитар е фаворит, а фактот дека игра и пред своите навивачи е податок плус дека ќе биде „кец“.
Ранана на гости има само едно реми и дури пет порази, па тешко дека и вечерва ќе се спаси од неуспех.
Предлог тип: 1 (1.50)
Смуха – Ел Гунах (16 ч.)
Смуха тешко губи, а тоа го покажува и фактот дека во девет меча сезонава има само еден пораз, но дури пет нерешени. Ел Гунах е тим кој игра дефанзивно, па затоа малку голови дава, но и малку прима. И традицијата во средбите на овие два тима вели дека нема да има многу погодоци. На седум од последните 11 средби немало повеќе од еден гол, а само еднаш било 3+.
Предлог тип: 0-1 (2.45)
Спорт бојс Варенс – Боливар (21 ч.)
Боливар е најтрофејниот клуб во Боливија, но може да се случи сезонава да ја загуби титулата, затоа што моментно е на второто место на табелата. Денеска не се очекува кикс на фаворитот, ако се знае дека игра против последнопласираниот на табелата.
Предлог тип: 2 (1.60)
Во понудата на Sport Life квота на денот е на кошаркарскиот дуел Виртус Болоња – Фортитудо 1&>159,50 (2.45)