Војната во Украина го натера Давид Нерес само по шест месеци да го напушти Шахтар Доњецк. Бразилецот спасот го најде во Бенфика, каде што се пресели за сума од 15 милиони евра.
Крилниот офанзивец претставуваше големо засилување на гигантот од Доњецк при неговиот трансфер вреден 12 милиони евра од редовите на Ајакс, но сега го напушти клубот без да запише официјален настап.
Инаку Нерес во Бенфика доаѓа како замена за Дарвин Нуњес, кој потпиша за Ливерпул за клупски рекорд од 100 милиони евра.