Во јубилејното коло на Спортска прогноза веќе се наметнуваат некои фаворити на играчите

Баер Леверкузен ќе го победи Волфсбург, а Атлетик Билбао ќе го совлада Хетафе се двата пара од 20-тото коло на Спортска прогноза на кои оние прогнозери кои типувале досега, им даваат најголема предност на домашните. Ако не сте се приклучиле досега, направете го тоа денеска, утре, или в сабота најдоцна до 15.30 часот, кога почнуваат првите мечеви од Среќна 13-ка.

Најголемо дерби во ова коло е дуелот на Ливерпул и Манчестер јунајтед во ФА купот. Ривалите и минатиот викенд играа меѓу себе, тогаш во првенството на „Енфилд“ и средбата заврши 0-0, па можеби и затоа засега најмногу прогнозери типувале на нерешено, иако сега ќе се игра на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Бидејќи ова е куп-меч, треба да го погодите конечниот тип по 90 минути игра. Доколку има продолженија, точна прогноза е „икс“, без разлика што ќе се случи во екстра периодот или евентуаланите пенали.

За освојување на главната премија потребно е да погодите Среќна 13-ка, односно да ги имате точно погодено фиксовите на сите 13 понудени парови. Подароци има и за оние кои ќе имаат само по една или две промашени. За 12 погодени добивате вредносн ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари. Играта е бесплатна и треба само да сте член на Sport Life клубот за да учествувате, вреди да се обидете да прогнозирате.

Проверете кои се најновите парови од ова коло и прогнозирајте.

- Оглас -

Најнови вести