Во Јувентус се мајстори за трансфери: Летово пристигнуваат две големи засилувања за нула евра

Екипата на Јувентус оваа сезона речиси сигурно ќе остане без титулата во италијанската Серија А, па раководството на „старата дама“ веќе е во потрага по нови засилувања за следната сезона. Сепак, клубот оваа сезона не учествуваше во европските натпреварувања, па целта е да се ангажираат фудбалери кои имаат мало или никакво обесштетување.

Двајца фудбалери се веќе на радарот на спортскиот директор на Јувентус, а се работи за играчи од Лацио и Бурнмаут.

Првиот играч кој би требало да пристигне во Торино е бразилецот Фелипе Андресон од екипата на Лацио. Тој за екипата од Рим има одиграно 313 натпревари и веќе е адаптиран во италијанската Серија А, па се чини дека е идеално засилување за Јувентус.

За вториот фудбалер кој е желба на „старата дама“ ќе треба да водат битка со Милан и Њукасл, а се работи за одбранбениот фудбалер на Бурнмаут, Лојд Кели. На двајцата налето им истекуваат договорите, па без никакво обесштетување може да пристигнат во Торино.

- Оглас -

Најнови вести