26.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Во Јувентус се незадоволни од датумот на кој треба да играат со Наполи

По одлуката дека натпреварот Јувентус – Наполи кој беше регистриран со службени 3-0 за Јуве сепак ќе мора да се одигра, големо незадоволство во редовите на италијанскиот првак предизвика и терминот во кој ќе треба да се игра мечот.

Овој дуел требаше да се игра во октомври, но тимот од Неапол не отпатува во Торино бидејќи имаше многу заразени од корона-вирус и такви беа прописите на нивниот регион, па Јуве „доби“ три бода на „зелена маса“ од страна на фудбалските власти, а на Наполи му беше одземен еден бод. Наполи се жалеше и доби, па сега ќе добие шанса и да освои бод или три против Јувентус.

Средбата ќе се игра на 13 јануари, а тој термин не им одговара на Бјанконерите кои за 15 дена во јануари ќе треба да играат против Милан, Сасуоло и Интер, а потоа против Наполи и во Суперкупот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести