Во Каиро нова фешта: Ал Ахли повторно е шампион на Африка (Видео)

Екипата на Ал Ахли од Египет го одбрани приматот за фудбалски шампион на африканскиот континент. Во реваншот од финалето, Ал Ахли на свој терен, бодрен од преку 70.000 навивачи стигна до минимална победа од 1:0 против Есперанс Тунис.

Уште во четвртата минута играчот за врска на гостите, Роџер Ахолу си постигна автогол и на крајот тој погодок се покажа како клучен за нов континентална титула за Ал Ахли. Првиот меч во Тунис заврши без голови, па на крајот, Ал Ахли до трофејот стигна без ниту еден негов играч да ја погоди мрежата на противникот во двата дуели.

За Ал Ахли ова е рекорден 12 трофеј за првак на Африка, а четврти во последните пет години. За одбележување е и феноменалната атмосфера која ја направија домашните фанови.

- Оглас -

Најнови вести