Интересна е приказната на 37-годишниот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, кој синоќа ја освои својата втора титула во Лигата на шампионите.
Се работи за третиот голман на “граѓаните“ кој има титула и со Ливерпул во 2005-тата година како резервен голман во она легендарно финале против Милан кога “црвените“ се вратија од негатива од 0-3. Двете титули ги освои во Истанбул и двапати против екипи од Милано.
Во кариерата има два настапи во Лигата на шампионите. Во 2005-тата бранеше за Ливерпул во победата над Јувентус од 2-1 во четвртгиналето, а вториот настап му е од оваа сезона кога влезе место Едерсон на 17 минути пред крајот на натпреварот против Спортинг Лисабон.

