Англискиот премиерлигаш Борнмут е во завршни преговори за трансфер на Николас Џексон од Вилјареал. Младиот напаѓач, кој е роден во Гамбија, минатата година дебитира за репрезентацијата на Сенегал, каде што има израснато.
Џексон сезонава за првпат игра во сениорскиот фудбал и досега во 24 натпревари за Вилјареал има постигнато само три гола. Многумина веруваат дека тој е голем талент, но фактот дека постигна само три погодоци во првите 24 меча (два во првенството и еден во Конференциската лига на УЕФА) носи сомнеж околу тоа дали неговата вредност реално е 25 милиони евра, колку што бара Жолтата подморница за неговиот трансфер.
Борнмут досега најмногу пари за еден играч има платено за доведување на Данго Утара, кој пристигна за сума од 22,5 милиони евра од француски Лориен, што значи дека доколку се реализира трансферот на Џекстон, тој ќе биде најскапо платениот фудбалер во историјата на клубот.
По 20 одиграни меча, Борнмут има освоено само 17 бодови и е во зоната за испаѓање, па доведувањето на Џексон треба да биде од помош во остварување на мисијата за останување во Премиер лигата.