20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Во Каталонија се бесни, Тер-Штеген работи против интересите на клубот

Раководството на Барселона сакаше по секоја цена да се ослободи од Марк-Андре тер Штеген уште летово за да се направи простор за нови фудбалери на пријавната листа за Ла Лига. Сепак, голманот во четвртокот објави дека ќе оди на нова операција на грбот и ќе паузира околу три месеци.

Ваквата изјава на Германецот може да ѝ создаде големи проблеми на Барселона бидејќи доколку паузата е три месеци, тој нема да може да биде отстранет од списокот со пријавени фудбалери, а за тоа потребно е играчот да паузира најмалку четири месеци.

Медиумите во Шпанија се преполни со реакции за ваквата објава на Тер Штеген и сите бараат тој веќе никогаш да не го облече дресот на Каталонците бидејќи според нив, тој работи против интересите на клубот.

„Тоа што го направи Тер Штеген е неприфатливо. Докторите се тие кои одлучуваат колку време ќе му треба на некој да закрепне по повреда. Тој веќе никогаш не смее да го облече дресот на Барселона“, напиша новинарот Хозе Алварес.

- Оглас -

Најнови вести