Во Келн не можат да заборават: „Баер Леверкузен ни го украде Флоријан Вирц“

Екипите на Келн, Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах во 2001 година потпишаа спогодба според која нема да си ги крадат талентираните фудбалери. Сепак, Флоријан Вирц во 2020 година се пресели од Келн во Баер Леверкузен за сума од 200.000 евра.

Тогаш настана спор помеѓу двете екипи, а од Келн обвинија дека е прекршена спогодбата. Од таборот на „фармацевтите“ се правдаа дека се работи за фудбалер од првата екипа, а не за млад талент, иако Вирц тогаш имаше само 17 години.

Пет години подоцна, Вирц е пред трансфер во Ливерпул за неверојатна сума од 150 милиони евра, а од Келн се уште не можат да се помират со фактот дека го загубија фантастичниот фудбалер.

Од раководството најавуваат дека ќе си ги бараат оние 5% од трансферот кои им следуваат според правилата на ФИФА, што во овој случај би изнесувало околу 7,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести