Со мечевите Франција – Исланд, Унгарија – Хрватска и Германија – Австрија кои се играат денеска во Келн, почнува вистинската битка во групата И за места во полуфиналето на ракометното Европско првенство.
Франција е прва на табелата и со триумф над Исланд, ќе дојде на чекор од полуфинале. На Хрватите против Унгарија само победа им врши работа за да останат во трка за првите две места. Хрватска има добиено 13 од 19-те меѓусебни дуели досега. Под притисок е и домашната Германија која мора да ја победи незгодната Австрија во дуел на две селекции чии голмани имаат најмногу одбрани досега на ЕП 2024.
Огромен е бројот на игри кои ги нуди Sport Life во својата ракометна понуда. Може да погодувате колку голови ќе дадат 24 различни поединци, а за дуелите Унгарија – Хрватска и Германија – Австрија, има специјална понуда со многу игри од типот на кој прв дава гол, прв седмерец, прв тајм-аут, прво исклучување, вкупен број на исклучувања, прв утнат седмерец, итн.