Баерн Минхен лесно триумфираше со 4-1 на гостувањето кај Келн, по што баварскиот гигант се врати на челната позиција на табелата во Бундеслигата, со еден бод повеќе од Лајпциг. Својата сила и моќ, актуелниот германски шампион ја демонстрираше во првите 12 минути, кога даде три гола. Сепак, Келн се спаси од поголема катастрофа, и загуби „само“ со три гола разлика.
Роберт Левандовски кој ја отвори гол-серијата, го даде својот 23-ти гол сезонава, и ја продолжува потерата по Чиро Имобиле за „Златната копачка“, а Баерн за првпат од 1973 година наваму водеше на лигашки меч со 3-0 по 12 минути игра.