Во Кичево играа Шкупи и Академија Пандев, за телевизијата Арена спорт тоа беше ПСВ – Арсенал!

Шкупи одигра 3-3 против Академија Пандев, и чаирчани испуштија убава шанса да го преземат првото место на прволигашката табела. Пет голови паднаа во првото полувреме, Шкупи водеше 3-2, а струмичани израмнија во судиското продолжение.

Интересно е што за време на преносот, на телевизијата Арена Спорт стоеше дека во тек е мечот ПСВ – Арсенал од Лига Европа, но вистината е дека преносот беше од дуелот во Кичево.

Работнички со 4-0 го прегази Скопје, а овој меч се играше во Велес.

- Оглас -

Најнови вести