Кога Лигата на шампиони е на големата сцена, нормално е дека ќе се најдат „махери“ кои знаат како да стигнат до убави добивки. Со искористување на Специјалниот сингл во Sport Life, обложувачот од Кочани со еден натпревар креира неверојатна добитна квота од 368.5, која му донесе 123.448 денари.
Вчерашниот специјален сингл беше наменет за дуелот меѓу Аталанта и Реал Мадрид, во кој Кралевите триумфираа во Бергамо со 1-0 благодарение на погодокот на Менди во 86-тата минута.
Обложувачот токму на ваков исход се надеваше. Двете екипи да ремизираат во првите 45 минути, а потоа Реал да го добие мечот во кој се бараше граница до два погодоци.
Добитната комбинација е дека ќе падне гол во последните 10 минути од средбата, како што е веќе потенцирано, Менди заби во 86-тата минута. Мајсторски одиграно, очигледно инстинктот на обложувачот не го изневери.
РАРИТЕТ Е ДА СЕ НАЧЕКА ТРИДНЕВЕН ДОБИТЕН ТИКЕТ
Ретко кој има нерви да чека по неколку часа за типуваните натпревари, но има и такви обложувачи со челични нерви кои чекаат и по три дена за да остварат заработка преку обложување. Одличен пример за тоа е тикетот кој доаѓа од Кочани, со одлична добивка од 72.163 денари.
Обложувачот нареди шест пара, на кои чекаше гостинските екипи да погодат најмалку по еден гол во двете полувремиња. Во понеделникот ливчето во живот му го одржаа Порто, Севилја и Копенхаген, во вторникот Баерн и Норвич продолжија со серијата, а вчера Манчестер сити со победата од 2-0 (1-0) на гости кај Менхенгладбах му донесе радост на обложувачот од Кочани.
НА ОВОЈ ДОБИТЕН ТИКЕТ НЕДОСТАСУВА УШТЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК
Во билтенот на Sport Life ќе наидете на мал милион опции за обложување и реално шансите се големи за да се состави добитна комбинација доколку го направите вистинскиот избор. Велешанецот се потпре на богатата понуда, паровите кои му донесоа добивка од 78.929 ги типуваше со двознаци, трознаци, преоди полувреме-крај со двојна шанса, па недостасува само сообраќаен знак.
Обложувачот од Велес како да знаеше дека на Атлетико Мадрид ќе му биде тешко против Челзи, па очекуваше реми или водство на гостите во првото полувреме, односно конечен исход според кој Сините ќе слават. Тимот на Тухел победи минимално со 1-0 благодарение на погодокот на Оливие Жиру во вторите 45 минути.
Слично е типуван и дуелот меѓу Лацио и Баерн Минхен, само што обложувачот знаеше дека европскиот првак ќе издоминира во првото полувреме, додека за да избегне шок, се штитеше така што во вториот дел им остави простор на Лацијалците да дојдат до евентуално реми. Баварците славеа со 4-1, односно водеа со 3-0 по 45 минути игра.
Лидс славеше убедливо со 3-0 над Саутхемптон, иако обложувачот очекуваше победа на домаќините или реми, со тоа што тимот на Езѓан Алиоски барем двапати ќе ја затресе мрежата на Светците. Тиму Пуки, голгетерот на Норвич, го потврди добитниот тикет така што погоди во двете полувремиња во победата од 3-1 на Канаринците на гости кај Бирмингам.
СПЕЦИЈАЛНИОТ СИНГЛ Е СЕГМЕНТ ВО КОЈ КОЧАНЧАНИ ДОМИНИРААТ
Ако се прашувате како е можно со еден пар да се направи огромна квота од 133.25 и притоа таа да ви донесе пари, одговорот ќе го најдете во Кочани. И вторничкиот Специјален сингл му донесе среќа на Кочанчанец со дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Челзи, типуван слично како и првиот топ-тикет од изминативе неколку дена.
Реми на полувреме и триумф на Сините со граница до два погодоци, со тоа што гол или два ќе паднат од 61-вата до 70-тата минута. Среќата навистина му се насмевна на обложувачот откако маестралните ножички на Жиру се случија во 68-мата минута, меѓутоа потребна беше потврда од ВАР-собата дека голот е регуларен, кој воедно беше победнички за тимот од Западен Лондон.