За успешно типување во новото коло на Спортска прогноза навистина ќе им биде потребна среќа на прогнозерите за да се израдуваат на Среќната 13-ка. Збогатеното коло со големи дуели, како Јувентус – Наполи, Лион – Марсеј, Манчестер јунајтед – Тотенхем, Барселона – Севилја, ќе бидат предизвикот кој доколку се помине преку него, ќе биде полесно да се дојде до главниот подарок „ајфон 11“.
Досега се покажа дека има мајстори кои беа блиску до беспрекорно погодено коло, а за утеха си добија ваучери за обложување во Sport Life.
Стандардно, за типување ќе имате време на располагање до сабота во 15:30 часот, кога почнува првиот натпревар што ни е на менито на Среќна 13-ка. Овојпат немаме мечеви кои се играат во понеделник, в недела вечерта ќе се знае дали има добитници на награди.
Резервни парови се Удинезе – Рома и Брест – Монако. Тие носат важни поени во битката за Генерален пласман и за конечен победник во третата сезона на Спортска прогноза.