Во Конференциската лига дури 12 од 16-те средби завршија барем со два гола

Астон вила со 2:1 го победи АЗ Алкмар во меч од четвртото коло на Конференциската лига на УЕФА. Со оваа победа англискиот тим веќе може да се подготвува за нокаут-фазата во третото по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал.

Дури 12 од вкупно 16-те средби кои се одиграа денеска во ова натпреварување на крајот завршија со два или повеќе голови. Бриж пред своите навивачи со 2:0 го победи Лугано, а Лудогорец пред своите навивачи славеше против Фенербахче.

На гости се радуваа Макаби Тел Авив против Зорија со 3:1 и Гент кај Брејдаблик со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести