20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Во Кратово дуел на двете екипи со најдобри одбрани, Брера и Арсими сакаат да избегаат од опасната зона

Два меча од седмото коло во Прва македонска фудбалска лига ќе се играат попладнево. Силекс во Кратово е домаќин на Струга Трим Лум во меч надве екипи кои се борат за титулата, додека Брера во Струмица ќе го пречека Арсими во дуел на две екипи на кои главна цел ќе им биде да не испаднат од лига.

Силекс и Струга ТЛ ги имаат најдобрите одбрани во лигата. Силекс прими само три гола во шест меча, а дефанзивата на Струга само два пати беше матирана во шест кола. Силекс има три победи и две реми во последните пет меча со стружани, па јасно е зошто и сега кратовци се во улога на фаворити.

Брера и Арсими имаат по пет освоени бода досега и ова е многу значаен меч за двете екипи. Струмичани само со четири погодоци во шест меча го имаат вториот најслаб напад. Арсеми, кој е дебитант во Првата лига, верува дека може да освои бод(ови) на ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести