Два одложени натпревари од 15-тото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат дене,с со почеток во 13 часот. Фудбал ќе се игра на стадионите во Кратово и Струга, а посебно внимание привлекува дуелот помеѓу Вардар и Силекс, екипи кои заедно тежат вкупно 14 првенствени трофеи и стари ривали од крајот на минатиот и почетокот на новиот милениум.
Во моментов двете екипи се далеку од борбата за титула, дури Вардар води голема борба за гол прволигашки живот, но и воопшто за опстојување на клубот поради тешката финансиска криза. Силекс се чини дека е во сигурната зона и не е загрозен со она најлошото, испаѓањето од лигата и токму затоа е фаворит според квотите во Sport Life. Квотата за победа на кратовчани е 1.56, додека победата на Вардар носи одлична квота од 5.25.
Вториот денешен натпревар ќе се одигра крај Охридското езеро, а ќе се сретнат актуелниот шампион на Македонија, Струга, и дебитантот во прволигашката конкуренција, Воска од Охрид. Овие две екипи пред еден месец одиграа интересен меч во Купот на Македонија, на кој охриѓани изненадувачки забележаа победа на пенали, но овојпат Струга е голем фаворит за победата и доколку успее да дојде до неа, ќе го мине Шкупи и ќе биде нов лидер на табелата.