Во куќата на Пол Сколс и покрај рестрикциите имало луда новогодишна забава, ќерка му во главна улога (Фото)

Некогашниот англиски фудбалер и легенда на Манчестер јунајтед. Пол Сколс, си има проблем со соседите и полицијата, откако се докажа дека во неговата куќа во Олдам имало новогодишна забава, и покрај забраните за групно собирање.

Соседите пријавиле во полиција дека има забава која била во организација на неговата 19-годишна ќерка Алиша. Поканети биле над 20 лица, притоа не носеле маски, и со тоа биле прекршени правилата за заштита од коронавирусот.

На фотографиите се гледа женско друштво во кое ќерката на Сколс облечена во бело како ангел, позира со уште осум другарки. Нема ни дистанца, ни маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести