Во Куманово и во Кавадарци и денеска има прволигашки фудбал, домаќините се умерени фаворити (Фото)

Башкими во Куманово ја пречекува Брера, а Тиквеш во Кавадарци се среќава со Силекс. Со овие два натпревари стартува 26-тото коло во Првата фудбалска лига.

Домаќините се умерени фаворити, но во последниот период се случуваат и изненадувања на прволигашката сцена, со оглед дека бодовите им се потребни на сите екипи, дали во битката за врвот или за обезбедување опстанок.

„Посакуваме продолжување на позитивна серија. Тиквеш, според мене, пролетва игра одличен фудбал и така треба да продолжиме. Домашниот терен за нас секогаш е предност, навивачите секогаш за нас се „дванаесетти“ играч. Нема дилеми дека и денеска ќе дадеме 100% за да дојдеме до нови три бода и да ја направиме оваа полусезона уште поуспешна за Тиквеш“, изјави Данаил Тасев.

Во Куманово, Башкими ќе се обиде да ја победи Брера, која оваа сезона нема пораз против денешниот ривал.

„Натпреварот против АП Брера е многу важен за нас бидејќи влегуваме во клучната фаза од шампионатот. Максимално сме фокусирани и подготвени. Се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода“, изјави играчот за врска на Башкими, Фодај Травeли.

 

- Оглас -

Најнови вести