22.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Во Куманово куче изгризало добитен тикет од 240.000 денари

Неверојатно драматична случка му се случила на еден обложувач од Куманово. Играчот имал добитен тикет во Sport Life, и тоа не каков било, туку за уплатени 50 денари, можната добивка му била 286.898 денари, но „финтата“ е во тоа што куче му го изгризало тикетот за којшто исплатата е 243.871 денари.

Што кога куче ќе ви го изеде тикетот? Според информациите од Куманово, уплатата не била со СЛ Клуб картичка, но сопственикот на тикетот веќе е исплатен од Sport Life.

Инаку кумановецот одиграл мајсторски, во средата типувал на 10 меча на конечен тип и 2 до 5 гола. За негова среќа, сите резултати му отидоа во прилог, а најмногу среќа имал на два меча, на кои пенали во 90-тата минута му помогнаа да биде добитен. Манчестер сити својот втор гол против Астон вила го даде од пенал во 90-тата минута, а Херенвен против Емен до победа од 2-1 дојде со пенал исто така во последната минута од регуларните 90.

Погледнете го добитниот тикет, или барем она што останало од него:

- Оглас -

Најнови вести