Во Куманово куче изгризало добитен тикет од 240.000 денари
И ова се случува во нашата Македонија, а Sport Life го исплати добитникот чие куче намириса пари, па гризеше од радост.

Неверојатно драматична случка му се случила на еден обложувач од Куманово. Играчот имал добитен тикет во Sport Life, и тоа не каков било, туку за уплатени 50 денари, можната добивка му била 286.898 денари, но „финтата“ е во тоа што куче му го изгризало тикетот за којшто исплатата е 243.871 денари.
Што кога куче ќе ви го изеде тикетот? Според информациите од Куманово, уплатата не била со СЛ Клуб картичка, но сопственикот на тикетот веќе е исплатен од Sport Life.
Инаку кумановецот одиграл мајсторски, во средата типувал на 10 меча на конечен тип и 2 до 5 гола. За негова среќа, сите резултати му отидоа во прилог, а најмногу среќа имал на два меча, на кои пенали во 90-тата минута му помогнаа да биде добитен. Манчестер сити својот втор гол против Астон вила го даде од пенал во 90-тата минута, а Херенвен против Емен до победа од 2-1 дојде со пенал исто така во последната минута од регуларните 90.
Погледнете го добитниот тикет, или барем она што останало од него: