Во квалификациите еден меч, дома – гости ќе се игра дури во плејоф-фазата

Поради пандемијата со корона-вирусот, УЕФА е присилена да го менува форматот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона. Квалификацискиот циклус за пласман во групите не може да се одржи како по обичај од јули до август, што значи дека ќе се крати распоредот и ќе се игра по еден елиминациски натпревар до плејоф-фазата.

Наместо дома – гости, до последното квалификациско коло само еден натпревар ќе ги одлучува учесниците, а во директната битка за преостатите места во групната фаза ќе се игра стандардно во двомеч.

Термините за квалификациите би требало да бидат 18 август (1 коло), 25 август (2 коло), 16 септември (3 коло) и 23/30 септември плејоф, што значи дека ќе се игра напоредно со мечевите од нокаут-фазата во ЛШ и ЛЕ од актуелната сезона. По истиот формат ќе се игра и во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести