Македонија во квалификациите за СП ќе биде во група со пет тима

Фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство ќе биде во група во која ќе има пет тима. Ждрепката е на 13 декември во Цирих. Половина од групите ќе бидат со по пет, а половина со по четири тима.

ФИФА и УЕФА одлучија тимовите коишто играат плејофи во Лигата на нациите (разигрување за опстанок и одење во ранг погоре) да бидат во групи со по четири тима и да имаат малку поскратен пат до СП 2026.

Со тоа јасно е дека ќе бидеме во група со пет тима и квалификациите ги почнуваме во март 2025. Тие што ќе играат плејоф од Лигата на нациите стартуваат во септември.

Од вториот шешир нема да бидеме во група со Украина, Турција, Унгарија, Србија, Грција и Словачка, што значи дека потенцијални ривали ни се Шведска, Велс, Полска, Романија, Норвешка и Чешка.

Од четвртиот шешир не може да играме со Бугарија, Косово и Ерменија, па би имале противник од типот на Луксембург, Белорусија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија и Литванија.

На СП оди само победникот од групата, а вториот игра бараж.

- Оглас -

Најнови вести