6.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Во Квотите на денот се и Арсенал и Милан, но тоа нема да се дуели од Лигата на шампионите

Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат, но има интересни мечеви и во Серија А и во Премиер лигата, па ако се искомбинираат сите пет предлози од Квотите на денот, вкупниот коефициент кој се добива е 39.42.

Карабах е домаќин на Њукасл и тука потребно е да има победник во меч на кој во првото полувреме нема да има повеќе од еден гол. Оваа комбинација се вреднува со 2.05 коефициент.

Милан на „Сан Сиро“ игра против Комо и тука двата тима треба да дадат гол, но потребно е да има и еден погодок во вториот дел за да биде добитна квотата од 2.10.

Бриж и Атлетико Мадрид треба да одиграат меч со погодоци во двете полувремиња, но бројот на голови во првиот дел да не биде повеќе од два, додека во второто полувреме да нема повеќе од три погодоци. Оваа комбинација е со квота од 2.20.

Интер гостува во Норвешка кај Бодо/Глимт и италијанскиот гигант да не загуби во пресметка на која во второто полувреме треба да има повеќе погодоци е со коефициент од 2.25.

Вулверхемптон е домаќин на Арсенал и тука опцијата е игра на голови, и тоа да нема повеќе од два погодоци во првото полувреме, а во вториот дел да бидат постигнати меѓу еден и два гола за да биде добитна квотата од 1.85.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести