25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Во Квотите на ден доминираат мечевите од ЛШ и сите се со коефициент 2.00 или поголеми (Фото)

Петте меча во денешните Квоти на ден ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 40.65.

Првиот предлог е дуелот од српскиот шампионат меѓу Раднички 1923 и Партизан. Предлогот на Sport Life е да одиграте на победа на Партизан како и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.05.

Барселона го пречекува Шахтар во третото коло во ЛШ и има идентична квота како и првиот предлог. Каталонскиот тим е голем фаворит и предлогот е да се одигра дека фудбалерите на Чави Ернандес ќе постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Њукасл по големата победа над ПСЖ во претходното коло, вечерва ја пречекува Борусија Дортмунд и предлогот е да се одигра на голови. Квота од 2.15 се добива ако се одигра дека двата тима ќе постигнат гол како и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Најмалата квота е за дуелот ПСЖ – Милан и изнесува 2.00. Таа се добива ако се одигра дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и барем три гола на целиот натпревар.

Последниот предлог ја има најголемата квота, 2.25 и е од мечот меѓу Ред Бул Лајпциг и Црвена звезда. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра „кец во кец“ и да бидат постигнати меѓу три и шест гола.

- Оглас -

Најнови вести