Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.05 или поголеми и ако ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 62.35.
Првиот предлог е од Африканскиот куп на нациите и дуелот меѓу Мароко и Танзанија. Фаворитите имаат лош почеток на натпреварувањето и за очекување е четвртата селекција од последното СП да не дозволи изненадување. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Мароко ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и барем два на целиот натпревар. За оваа игра квотата изнесува 2.15.
Најголемата квота изнесува 2.80 и е од дуелот меѓу најголемите ривали во Грција, Олимпијакос и Панатинаикос. Ова е реванш-натпревар од Купот на Грција, а предлогот на Sport Life е да одиграте дека двата тима ќе ги тресат мрежите, а ќе биде постигнат барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Најмалата квота е од дуелот од шпанскиот Кралски куп меѓу Валенсија и Селта и изнесува 2.05. Оваа квота се добива доколку одиграте Валенсија да не загуби, а притоа да бидат постигнати меѓу два и пет гола.
И во Белгија се играат натпревари од националниот Куп, а најголемо дерби во четвртфиналето е дуелот меѓу Унион Сен Жил и Андерлехт. Тука предлогот е да се одигра дека Унион Сен Жил нема да загуби, а притоа во второто полувреме ќе бидат постигнати повеќе голови во однос на првото.
Последниот предлог е од англискиот ФА куп меѓу Евертон и Кристал палас. Тука предлогот на Sport Life е да одиграте на голови, односно дека ќе бидат постигнати помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.15.