Денешните пет предлози на Sport Life во Квотите на денот се со вкупен коефициент од 55.12.
Во полуфиналето на африканскиот национален шампионат играат Алжир и Нигер, а фаворити се Алжирците и предлогот на Sport Life е да се одигра на 1 & 2-5 гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.15.
Бирмингам и Блекбурн играат во повторениот натпревар од ФА купот, првата средба заврши 2:2, а овој пат домаќин е тимот од вториот најголем град по жители во Англија.
Како и на првиот дуел, и вечерва се очекува да има голови и тука предлогот е да се одигра на голови, односно да бидат постигнати помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.22.
Во Чемшпионшип дивизијата, Лутон го пречекува Кардиф и со евентуална победа има шанса од седмото да скокне на третото место на табелата и сериозно да се вклучи во трката за позициите кои носат пласман во Премиер лигата.
Поради тоа, Лутон е благ фаворит на овој натпревар и предлог е да се одигра дека нема да загуби и дека ќе бидат постигнати меѓу два и четири гола. За играта 1Х& 2-4, квотата е најмала во денешните пет предлози и изнесува 2.10.
Њукасл во реванш-полуфиналниот натпревар од Лига купот игра против Саутхемптон и ја има фавортиската улога. Предлогот е наместо на конечен тип, да се одигра на голови на Чавките, па така за играта Т1 1+I & Т1 2+, квотата изнесува 2.20.
Во првото четвртфинале во Купот на Италија ќе играат Интер и Аталанта, кои по Наполи се двете најефикасни екипи во Серија А и тоа е гаранција за голови. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе има најмалку еден гол во првото и најмалку два гола во второто полувреме, а квотата за оваа игра е 2.50.