Петте предлози во Квотите на денот на Sport Life ако се одиграат заедно на еден тикет, прават вкупна квота од 50.26. Најмалата квота изнесува 2.10, додека најголемата е 2.30.
Првиот предлог е од чешкиот шампионат меѓу Спарта Прага и Пардубице каде домаќинот е апсолутен фаворит, а предлогот на Sport Life е да се одигра 1-1 & 3-6, а квотата за оваа игра изнесува 2.20.
Вториот предлог ја има најмалата квота која изнесува 2.10 и е од Чемпионшип дивизијата. За дуелот меѓу Вотфорд и Квинс Парк Ренџерс, предлогот е да одиграте на голови, односно дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Најголемата квота е од дуелот од првото коло во шкотската Премиер лига меѓу Килмарнок и Глазгов ренџерс и изнесува 2.30. Таа се добива ако одиграте дека Глазгов ренџерс ќе постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Четвртиот предлог е од втората германска лига, и тоа од дуелот меѓу поранешните шампиони Шалке и Кајзерслаутерн со квота од 2.20. Оваа квота се добива ако се одигра дека двата тима ќе постигнат гол и дека ќе има барем по еден гол во двете полувремиња.
Последниот предлог е од дуелот меѓу Динамо Загреб и Горица со квота од 2.15. Таа се добива за играта Динамо Загреб да победи и да бидат постигнати барем два гола во второто полувреме.