Во Ла Лига нема милост – Имаат само една победа во 2021 година, сметката ја плати тренерот

Поранешниот шпански репрезентативец Абелардо Фернандес имаше неуспешен камбек како тренер на Алавес и по серијата неуспеси во Ла Лига, си замина.

Само по три месеци на клупата на клубот од Баксија, ексрепрезентативецот на Шпанија со 54 настапи немаше простор за маневар откако клубот победи само еднаш во 2021 година на натпреварите од шпанското првенство.

Серијалот од порази го доведе Алавес до последното место на табелата, што беше доволно за раководството на клубот да донесе одлука за разделба со тренерот.

Фернандес претходно веќе беше тренер на Алавес. Во сезоната 2017/18 успеа да го спаси тимот од испаѓање и во следниот циклус беше блиску и до позициите кои водат во Лигата на шампионите, но пак му се случи голем пад и со серија неуспеси тимот ја заврши сезоната на 11-тото место, а Абелардо си замина.

До крајот на првенството има уште 9 кола и Алавес ќе бие битка за опстанок со нов тренер што ќе биде именуван до следниот меч против Атлетик во Билбао закажан за 10 април.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести