Поразите кои се редат еден по друг, внесуваат голема нервоза во редовите на Лос Анџелес лејкерс, тимот полн со ѕвезди очигледно е тешко да се контолира. За време на мечот со Феникс, кој Санс го доби со 115-105, на еден тајм-аут, Ентони Дејвис тргна во физичка пресметка со соиграчот Двајт Хауард.
Соиграчите мораа да застанат меѓу нив и да спречат поголем срам и инцидент. Освен ова, Реџон Рондо влезе во конфликт со еден навивач кој седеше во првиот ред. Нервозата кај Лејкерс е голема, бидејќи имаа големи очекувања, а не можат да победат никого. Лејкерс сезонава ја почна со два порази, а ги загуби сите контролни мечеви во подготвителниот период.
После мечот, Хауард рече дека тоа била обична кавга поради нешто што се случило на терен, и дека не му се лути на Веѓата, кого го нарече брат. И тренерот Френк Вогел смета дека не е ништо страшно, и дека му се допаѓа што на играчите не им е сеедно дали победуваат или губат.
За одбележување од овој меч е тоа што Крис Пол од Санс стана првиот кошаркар во историјата на НБА со 20.000 поени и 10.000 асистенции.
Интересен меч имаше и во Филаделфија, каде Бруклин со серија од 16-1 во финишот, дојде до победата, а јунаци беа Ламаркус Олдриџ кој блескаше кога се одлучуваше победникот и Кевин Дурант кој направи трипл-дабл.
Еве како изгледаше дуелот на Дејвис и Хауард:
More complete video of Howard-Davis altercation, starting from walking off the court when the timeout is called. pic.twitter.com/3JQ7FaTWtb
— Matt Petersen (@TheMattPetersen) October 23, 2021