Веќе три недели никој не може да ги симне водечките петмина со најголеми фатени квоти во Sport Life во акциската понуда „Лето на тркала“ која почна на 2 април и ќе трае до 30 мај.
Правилата за учество се едноставни, сè што треба да направите е да одиграте најмалку шест парови на еден тикет од посебната понуда која е ставена во секој нов билтен и на страницата на Sport Life обложувалници. Бонус на добивката се пресметува само на тикетите опфатени со оваа акција.
Моменталното рангирање и добитниците ги има во билтенот, на интернет-страницата и на фан-страницата на Facebook @ SportLifeBet.
Засега најуспешен е Зоран од Скопје, кој на 13 април погодил коефициент 988,76. Зад него на моментната листа на „виртуелни добитници“ се: Стефан, (квота 885,61) Тошо (885,12), Сашо (588,47) и Антонио (467,35). Ако играта завршеше денеска, тие петмина ќе беа добитници на наградите и ќе уживаа во возењето со добиените награди. Има време да се промени редоследот, па тоа е предизвик за останатите да се обидат да им ги расипат сметките на најдобрите, а и водечките петмина треба да се обидат да направат уште подобри тикети кои би ги зацврстиле на врвот.
На сопственикот на СЛ клуб картичката на која е уплатен добитниот тикет со највисок коефициент ќе му се додели главната награда скутер Aprilia SR 50R. За второ место се доделува велосипед Specialized Sirrus Hybrid, за добитен тикет со трет највисок коефициент ќе биде доделен електричен тротинет MI M365, за четврто место се добива 200.000 SL Market поени, а за петто 100.000 SL Market поени.