Во Леверкузен веќе се подготвува прославата, Баерн загуби дома од Борусија (Видео)

Веќе е извесно дека екипата на Баер Леверкузен ќе биде новиот шампион на Германија, откако Баерн Минхен вечерва во дербито на колото загуби од Борусија Дортмунд на домашен терен со 0-2.

„Баварците“ сега имаат заостанување од 13 поени од лидерот и веќе стравуваат и за втората позиција на табелата, бидејќи Штутгарт има четири поени помалку и натпревар помалку.

Борусија Дортмунд поведе преку Карим Адејеми уште во 10-тата минута, а конечните 0-2 ги постави Јулијан Рјерсон во 83-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести