Во Лигата на шампионите нема да гледаме многу голови во 90+ минутите

Европската фудбалска федерација (УЕФА) најави дека во натпреварите од Лигата на шампионите нема да се применува препораката на ФИФА за голем број дополнителни минути поради пропуштено време и помал дел активна игра. Во изминативе месеци сме сведоци на многу мечеви кои буквално се решаваат во дополнителните минути кои ги даваат судиите.

Во неделата, во Премиер лигата имаше два натпревари кои имаа по 16 и 17 минути дополнително време и токму во тој период беа постигнати клучните погодоци. Тотенхем губеше со 0:1 дома од Шефилд јунајтед, но со голови во 90+8 и 90+10 минута направи неверојатен пресврт и победи. Вакво сценарио е тешко веројатно во ЛШ затоа што судиите имаат препорака да не даваат многу долго дополнително време.

Еден од главните во УЕФА, некогашниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан, објасни дека мора да се мисли на здравјето на фудбалерите. Легендарниот Бобан кој во 1994 година со Милан се радуваше на титулата во Лигата на шампионите објаснува дека со дополнителни 11, 12,13 или 14 минути на еден меч, во текот на сезоната играчите ќе мора да одиграат над 500 минути плус, што е еднакво на пет натпревари плус.

Ако во шесте средби од групната фаза во ЛШ бидат одиграни по 15-тина дополнителни минути, ќе се дојде до бројката од дополнителни 90 минути, односно тоа ќе биде како да одиграле уште еден цел меч во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести