Во Лигата на шампионите е постигнат еден од најлудите голови во историјата на ракометот (Видео)

Ракометарите на Мешков Брест славеа на гости кај Елверум во меч од деветтото коло од Лигата на шампионите со 33:32, а на овој меч беше постигнат еден од најдраматичните голови во историјата на ракометот.

При резултат 32:32, Елверум го имаше последниот напад за победа. Домаќините решија да имаат уште еден играч во поле и оставија празен гол. Домаќините шутираа, а голманот на Мешков Брест, Иван Матскевич, успеа да ја одбрани топката, и тоа на самата гол-линија.

Сето тоа се случи на пет секунди до крајот. Матскевич, кој со одбраната беше херој на гостите, почувствува дека може да направи нешто плус. Со топката во раце, веднаш стана и шутираше од свјот гол кон празната мрежа на домаќините.

Ниту еден играч на Елверум не се врати доволно брзо, ниту успеаја да заменат брзо со голманот, па топката заврши во мрежата на домаќините, и тоа буквално со звукот на сирената. На крајот, Мешков Брест не само што се спаси од пораз, туку и победи со 33:32, што е прв негов триумф сезонава во ЛШ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести