6006 Реал Мадрид – Арсенал (21:00)
Натпреварот на денот со сигурност е дуелот на Реал Мадрид и Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Топчиите“ имаат убедливи 3-0 од првиот натпревар, но „кралскиот“ клуб нема да се откаже така лесно од нивното омилено натпреварување. Избраниците на Карло Анчелоти од првата минута ќе тргнат на се или ништо, па тоа ќе отвори простор и за нападот на гостите. Затоа најсигурната опција за натпревар е „гол-гол и 3+“.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.00)
6001 Интер – Баерн Минхен (21:00)
Интер со предност од 2-1 од првиот меч во Минхен го пречекува Баерн во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. И на овој меч, слично како и на првиот, се очекува исто или речиси слично сценарио, барем кога се работи за головите. Во Минхен, во првото полувреме имаше еден гол, а во второто уште два, па очекувањата се дека и денес ќе има најмалку еден гол во првиот дел и барем три на целиот меч во Милано.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.86)
1001 Њукасл – Кристал палас (20:30)
Њукасл има фантастична серија од пет победи по ред, од кои четири се во Премиер лигата и една во финалето на англискиот Лига куп против Ливерпул. Одличните игри ги донесоа во одлична позиција за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, па серијата одлични резултати се очекува да продолжи и против Кристал палас. Сепак, Страчките за противник имаат екипа која се покажа незгодна за нив на последните два меча на кои не успеаја да ги победат.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.40)
5259 Ал-Наџма – Ист Рифа (18:00)
Во првенството на Бахреин играат две екипи од долниот дел на табелата, Ал-Наџма и Ист Рифа. Она што може да се очекува од нив е ефикасниот фудбал, со оглед на тоа дека нема што да бранат и двете екипи ќе мора да атакуваат на бодови во битката за опстанок. Нивниот натпревар од есенскиот дел од првенството заврши со победа на Ал-Наџма од 2-4 на гостински терен.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.95)
3428 Брно – Простејов (18:00)
Фудбалерите на Брно имаат можност со победа над Простејов на домашен терен конечно да излезат од опасната зона во втората чешка лига. Иако гостите имаат осум бода повеќе, сепак Брно ја има фаворитската улога и треба да ја искористи предноста што игра пред својата публика и со победа да си ги зголеми шансите за опстанок во вториот чешки ранг.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.14)