Во Лихтенштајн би биле среќни ако Македонците после мечот кажат „Очекувавме да биде полесно“

Во репрезентацијата на Лихтенштајн ја прифаќаат аутсајдерската улога против Македонија на утрешниот меч од првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Селекторот Конрад Фунфстук кажа дека би бил задоволен и загубат, но ако дадат силен отпор.

„Многу сме свесни за нашата улога, но сепак сакаме да бидеме храбри и непријатни како противник. Сакаме на крајот нашите противници да кажат дека мислеле дека ќе биде полесно“, рече Фунфстук на прес-конференцијата пред натпреварот против Македонија.

Мечот со Македонија ќе биде 100-ти за капитенот Николас Хаслер, и би бил петтиот Лихтенштајнец Марио Фрик, Мартин Стокласа, Франц Бургмаер и Петер Јеле кој 100 или повеќе пати го облекол дресот на Лихтенштајн.

Мечот се игра утре во Вадуц од 15 часот, а македонскиот тим ќе игра во црни дресови поради тагата за 59-те загубени животи во трагедијата во Кочани.

- Оглас -

Најнови вести