Ливерпул синоќа го претрпе првиот пораз од септември 2024 година, откако со 1:0 загуби на гостувањето кај Тотенхем во првиот меч од полуфиналето во Лига купот на Англија. Младиот шведски интернационалец Лукас Бергвал во 86-та минута беше стрелец на погодокот за победа на Тотенхем, а гостите сметаат дека се оштетени и тоа затоа што токму Бергвал воопшто не требало да биде на теренот во тие моменти.
Гостите сметаат дека Бергвал требаше да биде исклучен во 84 минута откако направи остар старт врз Цимикас. Младиот 18-годишен Бергвал веќе имаше еден жолт картон, но главниот судија реши да не му даде и втора јавна опомена што ќе значеше и исклучување за него.
„Сосема е очигледно дека тоа беше втор жолт. Беше прилично јасно. И потоа, една минута подоцна тој постигнува гол, тоа е тоа што е. Судијата згреши и јас му го кажав тоа. Можеби мисли дека не, но тоа беше сосема очигледно“, револтирано рече дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк по мечот.
⚪️🔵 Tottenham 🆚 🔴⚪️ Liverpool
❌ Red card should have been awarded
Bergvall is already on a yellow card, and this tackle was definitely reckless with the potential to cause injury. He did not get the ball pic.twitter.com/MIZ8NjbGwb
— Referees are not good at being referees (@RedCardGiven) January 8, 2025
Цимикас кој беше повреден од фаулот на Бергвал, беше надвор од теренот што значи дека Ливерпул беше со играч помалку, кога токму младиот играч на Тотенхем го постигна голот за победа од 1:0.
„Нема дилема дека тоа беше за црвен картон“, кратко искоментира тренерот на Ливерпул, Арне Слот.
Едноставно, наместо Тотенхем да остане со играч помалку, во клучните моменти Ливерпул беше со фудбалер минус на теренот поради повредата на Цимикас, а голот го постигна токму играчот кој го повреди гостинскиот играч, а се спаси од добивање на црвен картон.