Во Лондон пак ќе се игра Сари-бол

Маурицио Сари извиси за работата во Рома која му припадна на  Жозе Мурињо, но Банкарот се најде во конкуренција токму за местото кое го отстапи Специјалниот. Екстренерот на Наполи, Челзи и Јувентус наводно е пред враќање во Лондон откако започнал преговори со Тотенхем, но и со Арсенал.

Веста ја потврдија повеќе италијански медиуми, а Сари е во контакт со Петлите уште во периодот кога му беше врачен отказот на Мурињо. Меѓутоа и управата на Арсенал планира да го разреши Микел Артета, па затоа Сари не избрзал со одлуката и ќе ја разгледува подобрата понуда, односно кој проект е поамбициозен.

Едно е сигурно, Сари-бол повторно ќе се игра во Лондон и Премиер лигата, која делуваше атрактивно на моменти, кога Сините беа под палката на италијанскиот стратег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести