Помалку од 10 кола остануваат до комплетирање на регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата и речиси сите екипи се во борба за подобра позиција и борба за влез во плејофот.
Бруклин е во борба да остане во Топ 6 за директно место во осминафиналето, па затоа секој меч на домашен терен им е можност за победа. Сепак, Кливленд е опасен ривал и според квотите, гостите се фаворити. Во последните 12 месеци овие две екипи одиграле четири пати, а Бруклин има три победи.
Њу Орлеанс едноставно мора да го искористи домашниот терен во дуелот против Шарлот. Њу Орлеанс е во борба за Топ 10 на Западот, додека гостите немаат никакви шанси бидејќи се вториот најслаб тим на Истокот.
Дербито на вечерта ќе биде во Лос Анџелес, каде што Клиперс е домаќин на Оклахома. Мала е разликата меѓу овие две екипи, но, сепак, овојпат предноста е за домаќинот.
Освен понудата за мечевите, стандардно тука е и „плус-минус“ понудата за постигнати поени на кошаркарите, кои ноќеска треба да се појават на теренот. Повеќе од 30 кошаркари има во денешната понуда, што значи дека има одлична можност за добитен тикет.