Во ЛШ само тројца фудбалери постигнале пет гола на еден натпревар, но во КЕШ дури 10!

Ерлинг Халанд со петте гола кои ги постигна на вчерашниот натпревар против Ред Бул Лајпцг стана третиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите со вакво достигнување.

Прв фудбалер кој дојде до ваков подвиг беше Лионел Меси во 2012 година како член на Барселона во победата над Баер Леверкузен во осминафиналето од ЛШ.

Потоа пет гола даде и Луис Адријано носејќи го дресот на Шахтар Донецк во дуелот со Бате Борисов.

Но, во претходното елитно натпреварување, Купот на европски шампиони, кое беше заменето со ЛШ, дури десетмина фудбалери дале пет гола на еден натпревар, тоа се:

Ове Олсон како играч на Гетеборг против Линфилд на 23 септември 1959 година, Бент Лефквист (Б1913 – Спора Луксембург – 13 септември 1961), Алтафини (Милан – Унион Луксембург, 12 септември 1962), Рејмонф Крофорд (Ипсвич – Флоријана, 25 септември 1962), Никола Котков (Локомотива Софија – Малме, 10 септември 1964), Флоријан Алберт (Ференцварош – Кефлавик, 8 септември 1965), Пол ван Химст (Андерлехт – Хака, 14 септември 1966), Герд Милер (Баерн Минхен – Омонија, 24 септември 1972), Клаудио Зулсер (Грасхоперс – Валета, 13 септември 1978) и Сорен Лерби (Ајакс – Омонија, 24 октомври, 1979).

- Оглас -

Најнови вести