Во луд финиш скротени се канаринците од Нант – Рен победи со голови во 95 и 98 минута

Рен го победи Нант со 3:2 во неверијатно драматичен меч што ја прави фудбалската игра најпопуларна во светот на спортот.

Имаше и голови и утки, промашен пенал и голема драма во финишот. Со головите на Буриго во 95. минута и на Рафиња три минути подоцна, Рен приреди невиден подвиг и комплетен пресврт за триумф од 3:2.

Имаше и инцидент меѓу двете екипи во десетминутното продолжение, но на крајот сепак Рен слави голема победа. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, а Нант двапати водеше, со 0:1 и 1:2 и на крајот загуби.

Да Силва си постигна автогол во 47 минута за предност на популарните „канаринци“ од Нант, а потоа Рафиња ја корегираше утката на Нијанг од белата точка и израмни на 1:1 во 71. минута.

Повторно Нант имаше предност по голот на Симон, по што пристигна лудиот финиш и комплетниот пресврт на Рен.

Ова беше премиерниот меч од 22. коло во француската Лига 1. Рен сега има 40 бода на третата позиција, два помалку од Марсеј и 12 од ПСЖ.

Нант остана на 32 бода на шестата позиција.

- Оглас -

Најнови вести