Во Мадрид грмат: Беше пенал, немаме среќа со судијата Ернандес

Од таборот на Реал Мадрид го изразија незадоволството што Кралевите не добија најстрога казна во своја корист при спорниот момент во 40-тата минута од градското дерби против Атлетико.

Директорот за односи со јавноста и клупска легенда Емилио Буртагењо, грмеше по ремито од 1-1 со тврдење дека судијата Ернандес Ернандес го оштети Реал во 40-тата минута.

„Нема сомнежи дека е пенал. Топката го удри противничкиот играч директно во раката, сите се сложуваме дека требаше да се додели најстрога казна, меѓутоа Ернандес и по проверката не ја промени одлуката иако ситуацијата беше очигледна. Немаме среќа со тој судија“, истакна Бутрагењо.

По корнерот на гостите, топката го удри Фелипе во раката, но главниот арбитар одби да покае кон белата точка. По сугесија од ВАР-собата, Ернандес тргна да го провери спорниот моменти и остана на својата првична одлука да нема пенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести