Во Мадрид се прашуваат дали Јунајтед се шегува со понудата за Варан

Манчестер јунајтед во летниот преоден рок планира да ја зацврсти одбраната, а прво на листата потенцијални засилувања се најде името на Рафаел Варан.

Стоперот на Реал Мадрид е еден од оние играчи кои по крајот на актуелната сезона би можел да ја смени средината, бидејќи му е потребен нов предизвик, меѓутоа за да се пресели на „Олд трафорд“, Ѓаволите ќе треба да платат повеќе отколку што стои моменталната понуда.

Англиските медиуми тврдат дека е испратена понуда до 45 милиони евра, за која Реал не сака ни да слушне, а наводно 70 милиони би биле доволни за Французинот да го облече црвениот дрес.

Наводно во конкуренција за потписот на Варан се уште Челзи и ПСЖ, кои сигурно нема да се двоумат да ги исполнат барањата на Реал, па затоа Јунајтед мора што поскоро да ја подобри понудата.

- Оглас -

Најнови вести