Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, безброј пати правел чудесни пресврти во Лигата на шампионите, а вечерва против Борусија Дортмунд, публиката во Мадрид првпат после 20 години виде победа на Реал после негатива од два гола разлика.
Досега Реал само еднаш и тоа против Рома во 2004 имаше победено на свој терен после минус од два гола, но ете тоа се случи и вечерва и тоа на неколку дена пред Ел Класико против Барселона.
Реал е единствен тим кој победил со три гола разлика во меч на кој губел со 0-2, и тоа го имаат направено двапати, откако стигнаа од 0-2 до 5-2 и на „Енфилд“ против Ливерпул во 2022 година.
Винисиус го направи третиот хет-трик во кариерата, а прв во ЛШ и тоа за само 30 минути, и само потврди дека е главен кандидат за „Златната топка“ за фудбалер на годината која ќе биде доделена в понеделник.