1.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Во Македонија е празник, да, фудбалски празник и затоа сите знамиња треба да се веат денеска

Денеска низ Македонија владее фудбалска еуфорија, а тоа може да се забележи и по знамињата кои се истакнати на повеќе балкони, тераси, но и луѓето кои шетаат со македонски обележја.

И треба да биде еуфорија. Македонија првпат во својата фудбалска историја игра во еден бараж-меч за пласман на Светско првенство. Противникот не можеше да биде поголем, четирикратниот светски првак и актуелен европски владетел Италија.

На дел од балконите, терасите и други делови од зградите може да се забележат истакнати македонски знамиња, знамиња како поддршка за фудбалерите кои во Палермо ќе бијат битка со големиот фаворит.

Околу 1.500 македонски навивачи се во Палермо и ќе бидат на стадионот „Ренцо Барбера“ да ги бодрат нашите фудбалери, но јасно е дека тие имаат милионска поддршка од цела Македонија.

И да, денеска сите македонски знамиња треба да бидат истакнати затоа што е празник, фудбалски празник.

- Оглас -

Најнови вести