Во Македонија се играше фудбал на снежно невреме, и тоа на терен не беа мажи, туку жени! (Фотогалерија)

Екипи на Шкендија и Речица денеска во Тетово играа натпревар од Првата македонска женска лига во многу тешки услови, и треба да им се честита.

Девојките играа на терен покриен со снег, снегот интензивно паѓаше и додека траеше мечот, а дополнителен проблем беше што не играа со обоена црвена топка, туку со доминантно бела, па на моменти не беше лесно да се види каде е топката.

Фото: Сухејл Суки Јонузи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести