Tри тикети кои беа уплатени во Скопје и Македонска Каменица се добитни во Sport Life што е доказ дека со мала уплата може одлично да се заработи.
На вчерашните мечеви од европските купови, еден обложувач во Скопје има добитен тикет на популарна игра. Шест меча се одиграни дека ќе има од еден до два гола во првото и еден до два гола во второто полувреме. Оваа игра носи квоти кои се движат меѓу 2.60 и 2.70, па со само 300 денари, добивката е 91.688 денари, односно со само пет евра, ќарот е 1.500 евра.
И вториот скопски тикет е на истата тактика и игра, а тоа е да има од еден до два гола во двете полувремиња. На овој тикет се одиграни осум натпревари и сите се погодени, па со само 100 денари, добивката достигна 231.112 денари.
Во Македонска Каменица обложувачот погоди дека Шкендија и Лудогорец на полувреме ќе играат нерешено, а македонскиот првак ќе победи на крај во меч на кој ќе има од два до три гола. На крајот 2:1 (1:1) за Шкендија и погодена квота од 19.
На овој едноставен тикет погодени се и нерешените дуели меѓу Фенербахче – Бенфика и Базел – Копенхаген.