Во македонското првенство денеска ќе има само „кецови“

Сите пет меча од македонската фудбалска Прва лига се играат денеска со почеток во 16 часот и според понудата во Sport Life, на сите се очекува победа на домаќините.

Лидерот Струга Трим Лум го пречекува најслабиот тим во првенството, Победа, па тука најголема дилема е со колкава разлика ќе слават домаќините. На овој меч, примамлива е понудата да се одигра 4+ на голови.

Слична е ситуацијата и на дуелот Шкендија – Тиквеш, каде за „кец во кец“ се нуди добра квота. Силекс во Кратово треба да ја оправда фаворитската улога против Брегалница Штип, додека во скопското дерби Работнички игра против Скопје.

Најнеизвесно се очекува да биде во Ѓорче Петров каде Македонија игра против Академија Пандев, но домаќините очекуваат трите бода да останат на нивната страна.

- Оглас -

Најнови вести