Во Манчестер јунајтед се уверени дека Кристијано Роналдо ќе си оди во јануари

Челниците на Манчестер јунајтед веруваат дека напаѓачот Кристијано Роналдо, ќе се обиде да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Според англсиките медиуми, играчите не биле задоволни што Португалецот ги пропушти подготовките, па не може да се вклопи во системот на игра кој го бара новиот тренер Ерик Тен Хаг.

Сите играчи на Јунајтед биле среќни кога ѕвездата се врати во клубот пред почетокот на минатата сезона, но летово биле лути што тој не бил со нив на подготовките. Роналдо не е во топ физичка форма како некогаш, се потпира на својот инстинкт, а тоа не давало резултати во системот на Тен Хаг.

Роналдо уште нема постигнато гол сезонава на шест меча во Премиер лигата. Ако си оди во јануари, Црвените ѓаволи ќе заработат и пари од продажбата, а ако Роналдо си оди налето, ќе замине гратис, како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести